Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Како „режимот“ криеше убиства? Осврт на случајот со Мартин Нешкоски

Младиот Мартин Нешкоски беше убиен во јуни 2011 на плоштадот „Македонија“, додека, тогаш владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја славеше изборната победа.

За убиството се дозна преку медиумите, од очевидци кои биле сведоци на настанот, a портпаролот на МВР Иво Котевски, дента по убиството, изјави дека нема никакви информации за настанот. Дури два дена подоцна, семејството на Мартин дозна дека нивниот син бил убиен.

По случајот со Нешкоски, почнаа масовни протести против полициската бруталност, а младите повикуваа на одговорност од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Од страна на официјалните претставници на МВР во почетокот овој случај беше прикриван од јавноста, но, благодарение на активностите на наменската заедница на Twitter се организираа мирни протести низ улиците на Скопје, официјалните лица на МВР беа приморани да ги откријат вистинските причини за овој настан.

Прочитајте го целиот осврт на Frontline.mk

Можеби ќе ве интересира

Вечерва тешка сообраќајка на патот село Караорман – Штип, сообраќајот е во прекин – пожарникари ги извлекувале повредените

ДЕСК

Денеска го празнуваме Свети великомаченик Георгиј

ДЕСК

Временска идила: топли денови и сонце во следните три дена

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.