Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заев: Зарем крварев за да се договорам со некој тајно

Во интервју за интернет порталот Новатв.мк, премиерот Зоран Заев на прашањето дали постојат договори помеѓу едната и другата партија за да се забошотат некои криминали и зошто за некои случаи судот постапува експресно, а во некои се одолговлекува во бескрај, кажа:

-Зарем крварев за да се договорам со некој тајно? Зарем семејството ми беше под закани целиот период, како и многу други семејства во нашата земја, за да некој тајно да се договори со кој? Со бегалецот да се договорам во Унгарија? Со Сашо Мијалков? Со кој да се договорам во државата? Можам да се договорам само со мојот народ. Да доживее правда и да се понесе одговорност од секој – кажа Заев.

Тој посочи дека притворите не се правда.

-Судските пресуди се правдата. Кога треба да има конечна пресуда и некој да си ја одлежни казната- кажа Заев.

Можеби ќе ве интересира

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Зимата се враќа, снег ќе трупа во делови од Македонија – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Вработен во РЕК Осломеј пријавил дека има бомба во кругот на комбинатот и си заминал од работа

ДЕСК