Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Возач со „голф“ удрил во 40-годишна скопјанка и побегнал

Скопјанка на возраст од 40 години е тешко повредена откако во утринските часови на 7. декември во неа удрил автомобил „голф“, чиј возач побегнал по инцидентот.

Како што информираат од МВР, несреќата се случила во близина на крстосницата од улицата „Бледски договор“ и булеварот „Илинден“.

Жената се здобила со тешки повреди и била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Полицијата преземa мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Клековски во Стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“: Над 40 милиони денари вложени во модернизација на установата, вклучувајќи ординација со општа анестезија

ДЕСК

ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ – УХМР со нова прогноза

ДЕСК

ДИПЛОМА ИМААТ, РАБОТА НЕМААТ – Над 1.000 магистри и 39 доктори на науки се невработени

ДЕСК