8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Се огласија од Орка Холдинг, откако полициски инспектори им затропаа на врата

Најостро и со целосна одговорност ги демантираме денешните сенационалистички и неточни информации за полициска акција во фирмата Монт, која е дел од Орка Холдингот на Јордан Камчев, се вели во соопштението на ОРКА Холдинг.

– Не станува збор за полициска акција, туку за контрола од стана на двајца инспектори од МВР, на кои им се доставени потребните документи и кои потврдија дека нема ништо спорно во работењето на компанијата.

Ние ја поздравуваме инспекцијата затоа што тоа е во насока конечно да се расчисти политичката и медиумска хајка која се води против приватните компании во Македонија, велат од ОРКА.

– Во јавноста се изнесуваат сензационалистички и невистините информации без притоа некој да се погрижи да ја побара за став фирмата за која пишува. Ваквата непрофесионалност и едностраност е против интересите на коректно и правилно информирање на јавноста, а извршува директна штета врз угледот на приватните компании.

Сакаме уште еднаш да демантираме дека ниту компанијата Монт, ниту Орка Холдинг на било каков начин имаат учествувано во предизборната кампања на г-ѓа Сиљановска на претходните претседателски избори. Маиците од компанијата Монт која работи во областа на текстилната индустрија беа нарачани и набавени единствено на страната на Polyesterday-компанија со која ние имаме долгогодишна соработка, а која во случајов е наш должник и станува збор за долг за кој веќе имаме испратено Опомена пред тужба до должникот. Со понатамошните активности на Polyesterday по набавката на маиците не сме никако поврзани ниту навлегуваме во истото.

Изнесувањето на информациите во јавноста на овој начин е пример за класична инсинуација, нешто со кое се прават обиди во јавноста да се наруши угледот и името на нашите брендови, велат од ОРКА Холдинг.