Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Страшна несреќа во Македонија – Прегазена тинејџерка

Тинејџерка прегазена и итно пренесена во болница кога на неа налетал автомобил на улица во Кочани.

Во 20.50 часот вчера било пријавено дека во Кочани, на улицата „Тодосија Паунов“, патничко моторно возило „ауди КУ7“, со бугарски национални ознаки, управувано од 28-годишниот Б.Ц. од Кочани, удрило во 17-годишен пешак од Кочани.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило прегазеното девојче по што било пренесено во Медицинскиот центар Кочани за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Можеби ќе ве интересира

Стојаноска: Наместо разлетани пердуви, јавноста добива конкретни одговори за надлежностите во случајот со Алта банка

ДЕСК

Комисијата за култура и туризам во посета на Археолошкиот музеј

ДЕСК

Јованчев: Владата на СДС и ДУИ во 2023 барала деловна соработка со Алта банка од Србија

ДЕСК