13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Уставниот суд го одложи одлучувањето по дополнувањето на Законот за помилување

На предлог на судијата Осман Кадриу, Уставниот суд со мнозинство гласови одлучи да го одложи одлучувањето по Нацрт-решението за Законот за дополнување на Законот за помилување, за кој минатата недела поведе постапка.
Решението со кое се поведува постапка за Законот за помилување, како што рече Кадриу, има допирни точки со некои денешни предмети кои се на разгледување пред Уставниот суд.

– Судот е известен дека пред Парламентот се води постапка за автентично толкување на овие членови од Законот за помилување, рече Кадриу.

Законот за помилување се однесува на аболициите кои беа дадени од страна на тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов.

Како шеста точка на седницата, Уставниот суд денеска се очекува да расправа за Законот за амнестии.

Спонзорирано: