Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Автомобил удри во пешак во Битола

Седумдесет и деветгодишен пешак се здобил со тешки повреди откако во него удрил автомобил во Битола.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 11 и 30 часот, на крстосницата од улиците Партизанска и Климент Охридски, кога автомобил „цитроен ксантија“, со битолски регистарски ознаки, управуван од Т.С.(39) од Битола удрил во М.З.(79) од Битола.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Битола за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

C +

Утре сончево време со температура до 16 степени

C +

Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот

C +