Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Уапсена дадилката која тепаше дете пред Дежаву

Kафе барот Дежаву во Капитол мол во Скопје објави видео од една од своите безбедносни камери на кои се гледа како жена тепа и малтретира мало детенце, кое, веројатно има околу 2 години.

Од МВР го потврдија случајот:

– Вчера во околу 15:57 часот, сопственик на угостителски објект пријави дека на 21.11.2019 околу 11:00 часот при проверка на безбедносните камери на угостителскиот објект, забележал како Н.Н. во игротеката физички малтретира дете. Известен е Центарот за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираа од МВР.

Утврдено е дека станува збор за негувателка која била ангажирана да го чува детето. Лицето е приведено и известен е јавен обвинител за натамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

АХВ откри голема измама: Купувале сирење со 20% маст, добиле производ со 1%

ДЕСК

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК