7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МИОА и МОН организираа обука за сајбер-безбедност за ученици, наставници и родители

Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за образование и наука, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Фондацијата „Метаморфозис“ организираа Еднодневна обука за сајбер-безбедност за ученици, наставен кадар и родители.

Целта на обуката е да се подигне свеста за ризиците во сајбер-просторот, како и одговорностите на родителите, образовните институции и органите на државната управа при справување со сајбер-инциденти кај учениците од основно образование.

„Министерството за информатичко општество и администрација ја стави сајбер-безбедноста во фокусот на својата работа со подготовката на Стратегијата и Акцискиот план за сајбер-безбедност. Тоа што е најважно за соочување на проблемот со сајбер-криминалот и ризиците со кои сите ние се соочуваме на интернет е да сфатиме дека станува збор за глобален проблем, кој не познава граници. На локално ниво, од друга страна, мора да сме свесни дека единствено можеме да се соочиме со овој проблем доколку се обединиме сите заедно. Тука мислам на владините и образовните институции, бизнис-заедницата, невладиниот сектор, родителите, наставниците и на децата кои од мали нозе мора да научат како да го користат интернетот“, рече министерот Дамјан Манчевски.

Според него, темата за сајбер-безбедност не смее да се игнорира. Како што истакна тој, нашата земја е во чекор со европските трендови, односно речиси 75% од популацијата во Северна Македонија, на возраст меѓу 15-19 години, има профил на социјалните мрежи. Овие бројки се потврда дека треба посветено да се работи на јакнење на свеста од најрана возраст.

Спонзорирано: