Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ТАЖНА ВЕСТ: Почина радио актерката со чиј глас израснаа многу генерации слушатели

По долго и тешко боледување, на 85 години во Скопје почина актерката Таска Балабанова, објави Телма.

Со гласот на Балабанова израснаа многу генерации слушатели на Радио Скопје, денес Македонско радио.

Таска Балабанова е родена во Велес. Како актерка, кариерата ја започна во некогашниот Младинско- куклен театар , од кој во 1965 е формиран Драмскиот театар. Балабанова потоа замина во Радио Скопје, каде до пензионирањето работеше како радио актер и го позајмуваше својот глас во бројни радио драми, во „ Веселата емисија“, „ Лирското интермецо“, култната серија „ Хихирику“. Незаборавна е нејзината интерпретација на ликот Олива во цртаната серија „ Попај морнарот“, како и надсинхронизациите во серијата Штрумфови.

Играше стамени жени и дами во филмовите и тв сериите: „Средба“, „ Едно лето“, Илинден, „ Време на летала“, „ Трето доба“, „ Мугра“, „ Македонски народни приказни“ и „ Време – живот“.

Објави интерпретации на приказни за деца, а ги снимаше и првите реклами во 1950-те години.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски и Сијарто: Динамична соработка и силна унгарска поддршка за ЕУ-интеграциите

C +

Силен циклон пристигнува утре – локално над 40 литри дожд! Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поранешниот министер најави тужби: „Ми го валкаат името со измислици и лажни тврдења“

C +
error: Соддржината е заштитена.