Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заев од трибина во Велес: Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, немаат никаква понуда квази-патриотите

Претседателот на СДСМ Зоран Заев на граѓанска трибина во Велес истакна дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, дека опозициската партија нема никаква понуда а продава лажен патриотизам.

– Од секое дрво кавал не бива. Ги знаеме кои се, им понудивме заедно да водиме кога требаше крупните прашања да се решваа. Но не, избегаа, немаа храброст, квази патриотите. Понудив заедно да одработиме за реформите, заедно да одработиме за економијата. Не. И тоа одбија. Затоа што ако влезат заедно ќе се види сета лажна слика на нивниот квази патриотизам. Бегаат и до ден денеска. Знаеме и кои се и какви се и нема да им довозлиме да не вратат назад, затоа што се работи за нашата држава и нашата иднина рече Претседателот Заев.

Ништо не се менува кај ВМРО-ДПМНЕ и затоа тие не можат да понудат никаква обвнова, затоа немаат поддршка одраѓаните, порача Заев од граѓанската трибина На прав пат во Велес.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Позитивните економски параметри, потврдени и од Евростат, им сметаат на СДСМ, затоа што нивно време граѓаните живееја потешко, економијата стагнираше, инфлацијата рушеше рекорди

ДЕСК

ЌЕ ПЕЧЕ СОНЦЕ, А ПОТОА ЌЕ ТРЕШТИ НЕБОТО: Следува променливо и нестабилно време

ДЕСК

СЕ КРЕНАЛА ВРЕВА ВО ВИЗБЕГОВО: По расправија дошло до физичка пресметка меѓу двајца мажи

ДЕСК