Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Почина Благоја Јордановски

Почина Благоја Јордановски, еден од првите македонски народни учители, еден од највредните и најпознати активисти за детското згрижување и напредување во нашата земја.

Јордановки е роден на 25.2.1930 година во Штип. Ѝ припаѓа на првата генерација народни учители кои ја завршија учителската школа во „Никола Карев“. Беше директор на Пионерскиот дом „Карпош“ и секретар на Градскиот сојуз за грижи и воспитување на децата од Скопје, како и учител и директор на децата прогонети од Егејска Македонија во градот Бела Црква, Војводина.

Тој е еден од основачите на детскиот фестивал „Златно славејче“. Добитник е на наградата 13 Ноември за заслужен граѓанин за учество во тимот за обнова на Скопје по земјотресот во 1963 година, како и други позначајни награди.

Погребот ќе се одржи на 16 ноември на гратските гробишта во Бутел, а во капела ќе биде во 12.30 часот.

Можеби ќе ве интересира

221 ПРЕКРШОК ЗА САМО ПЕТ ЧАСА – Пешаците и возачите под засилена полициска контрола

ДЕСК

БЕЗ СТРУЈА ВО ПЕТОК ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ – Објавени улиците, населбите и часовите на прекините

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч ВО ПЕТОК – УХМР предупредува, од сабота следува заладување

ДЕСК