Centar.mk
ЛОКАЛНО

Дрворедот на Максим Горки се обновува со нови јапонски цреши, информираат од Град Скопје

Дрворедот на Максим Горки се обновува со нови јапонски цреши, информираат од Град Скопје.

„По барање на општина Центар, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска извршија сечење на 14 целосно суви јапонски цреши од едната страна на улицата Максим Горки. Сакаме да нагласиме дека дрвјата беа целосни исушени поради габични заболувања и без можност да бидат спасени. Во овој контекст, минатата година општина Центар апелираше до компаниите на оваа улица кога ги чистат објектите да не истураат вода со хемикалии во дрвјата. Дрвјата во состојбата во која што се наоѓаа (некои беа и веќе паднати) претставуваа опасност по безбедноста на минувачите на овој фреквентен потег, како и по безбедноста на имотот на граѓаните.

Град Скопје во понеделник на овој потег ќе засади 18 нови јапонски цреши и ќе го обнови овој дрворед што го краси центарот на нашиот град.“ – информираат од Град Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Целосно реновирани домовите на култура во Текија, Кадино и Мралино

ДЕСК

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СКОПЈАНИ – Објавени најновите резултати од контролата на водата за пиење

ДЕСК

Ветувањето исполнето – Македонска општина им ја зголеми помошта на 5000 денари на пензионерите

ДЕСК