24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Хасан: Северна Македонија е вистинска дестинација за турски компании

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан, е во работна посета на Република Турција, каде што ќе престојува неколку дена. Во рамки на посетата предвидено е да ги посети градовите Коџаели, Сакарја и Бурса.

Министерот Хасан се сретна со градоначалникот на Коџаели, Тахир Бујукакин, и гувернерот на Коџаели, Хусеин Аксој. На средбите се размениле идеи и мислења за актуелни политички и економски случувања и се дискутирало за потенцијални заеднички активности во насока на продлабочување на билатералните односи. Хасан се сретнал и со градоначалничката на Измит, Фатма Каплан Хуријет.

Во рамки на посетата министерот се сретнал и со претставници на Трговската Комора и Стопанската Комора на Коџаели.

„На средбите министерот им ги презентираше можности за инвестирање во Северна Македонија, подобрените услови на кои владата постојано работи со цел бизнис климата во Северна Македонија да повикува нови инвестиции. Министерот истакна дека Северна Македонија е вистинската дестинација за турски компании и дека нашата земја нуди поволни услови во повеќе полиња“, соопштија од неговиот кабинет.