Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Објавен јавен оглас за прием на 125 професионални војници во Армијата

Министерството за одбрана објави Јавен оглас за прием на нови 125 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија.

„Ги повикуваме сите млади и мотивирани граѓани на нашата татковина, кои ги исполнуваат условите наведени во Јавниот оглас, да се пријават и да станат дел од Армијата на Република Северна Македонија, која наскоро ќе биде и Армија на НАТО. Војничката професија нуди исклучителни можности за напредување, за личен развој и за напредување во кариерата“, се вели во соопштението.

Подетални информации во однос на Јавниот оглас може да се најдат на веб страната на Министерството за одбрана www.mod.gov.mk. Рокот за пријавување е 15 дена.

Можеби ќе ве интересира

Температури до 33°C и невреме! Синоптичарите објавија повеќедневна прогноза

ДЕСК

Драма во пехчевско село: Петгодишно дете тешко повредено по удар од електричен тротинет

ДЕСК

Вознемирувачки случај во Драчево: Зрно од огнено оружје завршило во двор од куќа

ДЕСК