Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Познат идентитетот на загинатите во тешката сообраќајна несреќа кај Демир Капија – Неготино

Две лица починале во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 13:30 часот на регионалниот пат Демир Капија-Неготино.

Во незгодата учествувале патничко возило „хјунади“ со неготински регистерски таблички, управувано од 40-годишниот Е.К. ос село Тремник и патничко возило „фолксваген голф“ со неготински регистерски таблички, управувано од 51-годишниот М.Н. од Неготино.

Во несреќата, на местото на настанот настрадал Е.К. додека М.Н. починал на пат до болницата.

Основен јавен обвинител и екипа од Полициската станица во Неготино извршиле увид на лице место.

Можеби ќе ве интересира

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев – целата отштета ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби

ДЕСК

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

C +

Утре сончево време со температура до 16 степени

C +