Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Неколку тони ракетно гориво и експлозивен материјал од Волково изнесени од нашата држава

Големата количина опасни и експлозивни ствари лоцирани меѓу населените места Ново Село и Волково, Скопско, што неколку години претставуваше едно од најголемите загадувачки жаришта и опасност за животната средина, безбедноста и за здравјето на граѓаните, е отстранета од територијата на нашата држава, соопштија од Владата.

Од таму велат дека за отстранување на неколкуте тони застарено ракетно гориво за градобијни рекети и друг експлозивен материјал, имот на поранешната компанија АД „Теас-Темко“, кои со години лежеле во стоваришен простор во населено место, првично биле побарани 850.000 евра, но на крајот целата постапка била спроведена без никаков трошок.

„Наместо трошок за граѓаните на нашата земја, Владата на Република Северна Македонија организираше постапка за продажба и чистење на теренот, согласно процедурите за управување и транспортирање на опасни материи, без ниту денар надомест за компанијата што ја спроведе постапката“, се наведува во соопштението.

Постапката за повик и избор на понуда за оваа акција ја спроведе Генералниот секретаријат, при што ја прифати понудата на компанијата „Трајал“ од Србија.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК