Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка кај Штип – неколку повредени

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Штип – Радовиш.

Според информациите на МВР, несреќата се случила во 17.15 часот кога О. М. (32) од Штип, со автомобил „фолксваген пасат“, со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.

Во незгодата телесни повреди добиле возачот и сопатничката Н. М. (32), а тешки телесни повреди добила сопатничката Н. М. (55) и биле пренесени во Клиничката болница во Штип.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Штип.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +