Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ССНМ вечерва ќе ја додели наградата „Роберто Беличанец“

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници вечерва ќе ја додели Годишната награда „Медиум промотор на новинарството како јавно добро – Роберто Беличанец“ за 2019 година.

Настанот ќе почне со панел-дискусија на тема „Како до медиуми кои го третираат новинарството како јавно добро?“, а по дискусијата ќе биде доделена наградата.

На панел-дискусијата ќе учествуваат: Билјана Бејкова, НВО Инфоцентар, Звездан Георгиевски, в.д. претседател на ССНМ, Билјана Секуловска, уредник НоваТв.мк и Тамара Чаусидис, уредник, БИРН Македонија/Призма.мк.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во 2018 година ја воспостави годишната награда „Медиум промотор на новинарството како јавно добро“, која го носи името на прерано починатиот борец за слобода на изразување и експерт за медиуми – Роберто Беличанец.

Оваа награда ССНМ ја доделува во партнерство со Македонски институт за медиуми – МИМ / Macedonian Institute for Media – MIM, Институт за комуникациски студии и Media Diversity Institute од Лондон во рамките на проектот “Писменост за вести и дигитална писменост- Справување со лажните вести“, поддржан од Европската Унија.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК