12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Наставничка прегледала диктат на основец, па напишала коментар што ги разгневи родителите

На фејсбук-страницата „Подгорички времеплов“ неодамна беше објавена фотографија од диктат на ученик од трето одделение. На него, напишан со црвено пенкало, се гледа и коментарот на наставничката, кој налути голем број корисници на социјалните мрежи.

Како што може да се види на фотографијата, детето, кое, наводно, оди во трето одделение, напишало диктат.

Кога наставничката го прегледала, била очигледно незадоволна од работата на ученикот.

„Ужас“, напишала наставничката со црвено пенкало и ставила извичник на крајот од својот коментар.

Родителот, кога детето му ја покажало работата, допишал свој коментар во однос на работата на наставничката.

„Вака не се дава волја за учење. Во мое време се пишуваше ‘не е добро, вежбај повеќе’. A ужас е наставничката што го напишала ова затоа што ваша работа е да ги научите децата, а не моја“, напишал револтираниот родител на крајот од трудот.

Многумина се согласија со коментарите дека наставничката не постапила како професионален работник, но има и такви што сметаат дека оценката на наставничката е соодветна.

„’Родителот да учи за правопис и падежи, а потоа да коментира’. ‘Учителката да фати работа што нема никаков контакт со педагогија затоа што веројатно го прескокнала факултетот’. ‘Во мое време ваков диктат во трето одделение се оценуваше со недоволен (1)“, биле некои од коментарите во однос на оваа фотографија.

Спонзорирано: