Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски ги поддржува ставовите на Василевска, тие се дел од антизападното делување на ВМРО-ДПМНЕ

-Наместо да ги осуди скандалозните изјави на Иванка Василевска од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за припојување кон други држави, Христијан Мицкоски ги брани таквите антидржавни, антизападни и антимакедонски ставови, изјави денеска Стефан Васев од СДСМ.

„Јасна е разликата помеѓу антидржавното и антизападното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ и интегративните и развојни полиитки на СДСМ.

СДСМ заедно со сите прогресивни партии работи на интеграција во НАТО и ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски работат за враќање во изолација и подлеби, за квази сојузи и анти западни политики.

СДСМ останува посветена на евроинтегративниот процес, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат посветени на обнова на режимот и криминалот.

Со таква понуда Мицкоски ќе доживее нов пораз на изборите на 12 април, граѓаните уште еднаш ќе ги поразат неговите деструктивните политики и ќе потврдат дека државата е на прав пат.“ – рече Васев.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Среде криминалниот скандал со Алта банка, судството под контрола на Мицкоски го ослободува Боки 13

ДЕСК

ХАЏИ ВАСИЛЕВА ГИ НАЈАВИ ПРИОРИТЕТИТЕ – Организациски промени и отпор на притисоци во ОЈО ГОКК

ДЕСК

ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА БОКИ 13 – Апелација ја преиначи одлуката за „Меѓународен сојуз“

ДЕСК