13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Локално.мк
МАКЕДОНИЈА

Социјалните мрежи го разобличија протестот на лажните земјоделци

Функционери на ВМРО-ДПМНЕ, нивните деца и послушните партиски војничиња беа дел од тоа манипулативно дефиле. Уште една победа на слободата на информирањето, пишува Фронтлине.

Уште еднаш, по кој знае кој пат, се покажа дека „лагите имаат кратки нозе“… Позната е тактиката на ВМРО-ДПМНЕ да спинува и манипулира, но по протестот на лажните земјоделци, стана повеќе од очигледно дека не е целосно прилагодена на новото време на брзи комуникациски алатки. Така, онлајн заедницата и граѓанските новинари успеаја многу брзо да ги откријат и разобличат лажните земјоделци , споделувајќи со јавноста огромен број податоци за тоа што се случуваше зад параваните. Едноставно, јавноста ја препозна играта на ВМРО-ДПМНЕ и го откри вистинскиот идентитет на голем број лажни земјоделци, ги откри нивните имиња и вистински занимања и позиции, односно партиски функции. Вчерашниот ден изобилуваше и со многу хумор на сметка на овие лаги, а Рибаро напиша дури и сатирична поема на оваа тема – „Ќерка се од пратеничка мајка делеше“.

Така, до редакциите низ земјата дојдоа податоци и фотографии за вработени во администрацијата и функционери на ВМРО-ДПМНЕ која претходно побрза да се откаже од статусот организатор на „протестот на земјоделците“. Одлична улога во разобличувањето на лагите одиграа и неколку медиуми кои со анкетирање меѓу „земјоделците“ понудија материјал што ѝ послужи на јавноста да ги согледаат фактите,пишува Фронтлине.

Повеќе за оваа сторија на овој линк.

Спонзорирано: