16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ : Исплатени речиси 200 милиони денари за субвенциите за предадено млеко и оризова арпа

„СДСМ како одговорна и домаќинска партија продолжува со вистинска грижа за сите граѓани.Заложбите во земјоделството преку реализација на бројни мерки во овој сектор, покажуваат и докажуваат дека сме на вистинскиот, на правиот пат“, соопшти партијата.

Според СДСМ, како дел од тие мерки е и воведувањето на нова дополнителна субвенција за предадено јагне во износ од 400 денари по грло за 2019 година.

„Вчера кон млекопроизводителите беа исплатени 153,4 милиони денари субвенции за предадено млеко, а претходно се исплатија субвенции и за оризова арпа.На сметките на 1.130 оризопроизводители легнаа 41,4 милиони денари за дополнителната субвенција од 5 денари за предадена оризова арпа, а со тоа се исполни ветениот откуп на оризова арпа од реколтата 2018 година.Во следниот период ќе бидат исплатени и останатите обврски кон земјоделците.

За таа намена, согласно ребалансот на буџетот, обезбедени се нови 915 милиони денари за исплата на субвенции за различни производи.Вкупниот буџет за субвенции годинава достигна околу 7 милијарди денари само од Програмата за директни плаќања.По цели 11 години, денес субвенциите се исплаќаат неселективно и навремено, го враќаме достоинството на земјоделците, се повеќе пари завршуваатво нивниот буџет и градиме конкурентно земјоделство.Грижата за земјоделците е приоритет на Владата предводена од СДСМ, резултатите потврдуваат дека земјоделството денес е на вистинскиот пат“, се вели во соопштението.

Спонзорирано: