9. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски од Крива Паланка: Мицкоски и неговата компанија се за обнова на режимот, битката со криминалот е најголем проблем за нив

Спасовски од Крива Паланка: Мицкоски и неговата компанија се за обнова на режимот, битката со криминалот е најголем проблем за нив

Битка со кирминалот која што е во тек, е најголемиот камен на спомнување меѓу оваа прогресивна власт која што ја спроведува и оние коишто сакаат да ја вратат назад, да нема правда, рече потпретседателот Спасовски на денешната трибина „На прав пат“ во Крива Паланка.

Има голема разлика. Ние сме посветени на тоа како да ја реформираме правдата и да биде основа за развој на државата, тие, од ВМРО-ДПМНЕ се посветени на тоа како да ја срушат и како да ја вратат во тие партиски стеги.

Ние зборуваме за нов закон за ЈО кој што значи одговороност за секој, тие бараат закон со којшто ќе можат да се ослободат сите што направија упад во собранието, коишто ја пљачкаа државата.

Мицкоски и компанија сака обнова на режимот и ништо друго, рече Спасовски.

Е тука апсолутно треба да им биде јасно на сите дека остапки нема. Нема да дозволиме да се вратиме назад, додаде Спасовски пред граѓаните на Крива Паланка кои во огромен број присуствуваат на трибината „На прав пат“.

Можеби ќе ве интересира

Димковски: Лозарите мака мачат, ВМРО-ДПМНЕ да го прифати решението на СДСМ за дополнителни 3 денари за килограм грозје

C +

СДСМ до ВМРO-ДПМНЕ: Ако СДСМ прислушувала, зошто се плашите да декласифицирате?

C +

СДСМ: Ако СДСМ прислушувала, зошто се плашите да декласифицирате?

C +