Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Од март во Германија задолжителна вакцинација против сипаници, казна 2.500 евра

Германскиот бундестаг започна со советување за законски измени кои би донеле до задолжителна вакцинација на деца, кои одат во градинка или на училиште, против сипаници, пренесуваат германските медиуми.

„Мојата желба е повеќе ниту едно дете да не се разболи од сипаници и никој да не умре како последица на оваа болест“ рекол државниот секретар во министерството за здравство, Томас Гебарт.

Затоа, како што додал тој, треба да се постигне 95 отсто од граѓаните да бидат имуни на сипаници.

Законските измени предвидуваат од март следната година, родителите кога ќе ги запишуваат своите деца на училиште и градинка, задолжително да приложат и доказ дека нивното дете е вакцинирано против сипаници. Предвидени се казни од 2.500 евра за невакцинираните деца.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК