Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Лицемерното ВМРО-ДПМНЕ лаже дека се намалуваат пензиите, грижата за пениознерите е на прав пат, пензиите растат и ќе продолжат да растат

Лицемерното ВМРО-ДПМНЕ лаже дека се намалуваат пензиите, грижата за пениознерите е на прав пат, пензиите растат и ќе продолжат да растат, реагираат од СДСМ.

– Во очај и безидејност ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести, лицемерие и лажна грижа за граѓаните.

Не е точно дека пензиите се кратат како што лаже ВМРО-ДПМНЕ. Напротив, официјалните податоци покажуваат дека за две години, просечната пензија пораснала за над 800 денари, а трендот на раст на пензиите ќе продолжи и во иднина.

11 години ВМРО-ДПМНЕ ги манипулираше пензионерите, пензиите ги усогласуваше надвор од законските рамки и најчесто популистички пред избори и без никаква логика. Со таквиот однос, создадоа огромна дупка во Фондот за пензиско осигурување.

Денес, пензиите се усогласуваат согласно Закон, два пати во годината, а стабилизацијата на Фондот отвора простор за сериозно вонредно зголемување на пензиите на почетокот на следната година.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски продолжуваат со безидејност и лицемерие.

Денес, грижата за пензионерите е на прав пат, Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на мерките што обезбедуваат економски раст, раст на платите и пензиите и повеќе пари кај граѓаните, се вели во реакцијата на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Отворени Деновите на медиумска писменост 2026

ДЕСК

Министерството за здравство обезбедува континуитет во снабдувањето со сензори за гликемија и ја проширува достапноста на современата терапија за лицата со дијабетес

ДЕСК

Манасиевски: Прво паднаа Филипче и Заев, па потоа Вучиќ, а на приватни забави им пее истиот пејач

ДЕСК