Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заклучоците не поминаа – ЕУ со претпоследна шанса за одлука утре на состанок во Луксембург

Предлогот на Финска да се даде датум за почеток на преговори со Македонија, а во меѓувреме да се промени методологијата на преговарање на која инсистира Франција е отфрлен, откако ваквите заклучоци не поминаа на амбасадорскиот состанок кој се оддржа денеска.

Франција не само што не го поддржа овој предлог, не прифатила ниту Македонија да биде одвоена од Албанија при евентуален почеток на рпеговорите.

Резерви кон проширувањето се за одвојување на Македонија од Албанија претходно имаа и Холандија и Данска.

Според информации на Centar.mk, Франција и натаму бара да се промени моделот на преговарање со Европската Унија за сегашните и идни земји кандидати,а дури потоа да се отпочне преговори со нив.

Токму поради Франција минатиот јуни беше одложен стартот за преговори.

Во пресрет на утрешниот состанок во Луксембург, итно е испратен македонскиот вицепремиер за евро-интеграции Бујар Османи. Министерот за надворешни работи, Никола Димитров пак е во Брисел.

Оваа акција на високите функционери од Македонија е со цел да се убедат земјите членки дека земјава конечно заслужува старт на преговорите со ЕУ, имајќи во предвид дека државава ги реши најважните прашања со соседите, а земја-кандидатка е речиси 15 години.

Доколку и утре Франција на министерскиот состанок не попушти, тогаш целата игра ќе се префрли на лидерско ниво во четврток, кога почнува Самитот на ЕУ во Брисел.

Поддршка за старт на преговорите со ЕУ за Македонија дадоа најмоќните земји членки во ЕУ, а предводник во таа група е Германија која силно притиска земјава да добие шанса.

Поддршка стигнува и однадвор, особено од САД.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК