17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Што ќе ви се случи ако јадете јајца секој ден?

Последните истражувања покажуваат дека јајцата се многу здрави и важни за нашиот организам.

Јајцата се одличен извор на аминокиселини, железо и антиоксиданси, а може да се подготват на различни начини.

Телото самостојно произведува 11 есенцијални масни киселини, неопходни за правилно функционирање на организмот. Меѓутоа, на телото му се потребни уште 9 есенцијални масни киселини, а нив можеме да ги пронајдеме во јајцата. Недостигот на тие девет есенцијални киселини може да предизвика губење на мускулната маса, ослабен имунолошки систем, хроничен замор и лош изглед на кожата и косата.

Јајцата го регулираат холестеролот

Иако едно јајце содржи околу 200 милиграми холестерол, тоа не значи дека јајцата се лоши за вашата крвна слика. Имено, истражувањата покажале дека јајцата може да го намалат нивото на лошиот (LDL) холестерол и да го зголемат нивото на добриот (HDL) холестерол.

Јајцата го зајакнуваат имунитетот

Едно до две јајца дневно можат да помогнат во борбата против инфекции. Јајцата се многу добар извор на селен, минерал кој е неопходен за правилно функционирање на имуниот систем.

За поубава и поздрава кожа

Витамините Б комплеск се неопходни за здравјето и убавината на кожата и косата. Исто така го подобруваат здравјето на црниот дроб и очите. Јајцата се одличен извор на Б комплекс, особено на витамините Б2 и Б12. Истражувањата покажале дека витамините Б комплекс се важни за правилно функционирање на нервниот систем и подобрување на когнитивните функции.

Слабеење со помош на јајца

Истражувањата покажуваат дека лицата кои доручкуваат јајца внесуваат помалку калории во текот на денот.

Ублажуваат анксиозност

Есенцијалните аминокиселини кои ги има во јајцата влијаат на менталното здравје.