Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Партиски делегаци на СДСМ со активност за 11 октомври „Денот на народното востание“ и обраќање на генералниот секретар Николовски

Денеска партиски делегации по повод 11 октомври „Денот на народното востание“ ќе оддадат почит и ќе положат свежо цвеќе на неколку локации во Прилеп, Куманово и Скопје.

Во Куманово во 10.00 часот делегација предводена од генералниот секретар Љупчо Николовски, придружуван од Тања Ивановска, Пеце Мирчевски и Мартин Костовски, ќе положат свежо цвеќе на Спомен Костурницата во Куманово.

Потоа, генералниот секретар Николовски, ќе се обрати на традиционалниот пикник по повод празникот во организација на ОО СДСМ Куманово.

Во Прилеп партиска делегација предводена од потпретседателот Коста Петров, придружуван од Соња Карапец и Дејан Павлески ќе оддаде почит и ќе положи цвеќе пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, пред споменикот на Кузман Јосифоски-Питу и на Могилата на непобедените

Во Скопје партиска делегација во состав Андреј Жерновски, Тања Томиќ и Дарио Николовски ќе положи свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел со почеток во 09:00 часот.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК