6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Извршил 20 кражби – Гостиварец уапсен од полицијата

Секторот за внатрешни работи Тетово-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар расчисти 20 кражби извршени во Гостивар и до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе три кривични пријави против 35-годишниот гостиварец Џ.К. поради основи на сомнение дека сторил 16 тешки кражби и 4 кражби.

Џ.К. се сомничи дека во периодот од февруари до октомври оваа година со употреба на сила влегувал во куќи и моторни возила во Гостивар, од кои одземал разни предмети: телевизори, работни машини, разновиден алат…

Најголемиот број од одземените предмети се пронајдени и вратени им се на нивните сопственици.

Спонзорирано: