Centar.mk
ЛОКАЛНО

Автобусите на ЈСП сообраќаат по неделен возен ред

Поради државниот празник 11 Октомври, денеска автобусите од јавниот превоз сообраќаат по неделен возен ред.

Истиот режим ќе важи и в сабота и в недела, информираат од ЈСП.

Денеска дежурни ќе бидат три билетарници: транспортен центар 7-19:30 часот, зелено пазарче 7-19:30 часот и Ѓорче Петров од 7 до 13 часот.

В сабота билетарниците ќе работат со вообичаено работно време, а в недела вообичаено дежурни ќе бидат посочените три билетарници.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: На 9 Мај „Нож и виљушка на европска чинија“, гастрономија, музика и дружење во Центар

C +

Жичницата на Водно нема да работи за време на викендот

C +

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +