Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Шутаров: Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, Груевски ангажираше гатачки, Мицкоски ангажира исцелители

– Христијан Мицкоски во својот тим ангажираше и со личност која се претставувала како исцелител. Лазар Јовевски е стратешки соработник на Мицкоски од областа на трудовото право. Истиот Лазар Јовевски своевремено му асистирал на самопрогласениот исцелитет и јасновидец Тино Кајшаров. Низ медиумите кружат фотографии и видеа како Јовевски му помага на Кајшаров, односно ги придржува лицата кои паѓаат откако исцелителот ќе ги исцели, изјави денеска Гордан Шутаров од СДММ.

-Ако Гордана Сиљановска е за поништување на Договорот од Преспа, ако за неуспешниот претседателски кандидат за Злбанците нема место во Република Северна Макеоднија, тогаш не може да се очкува ништо европско и прогресивно од ВМРО-ДПМНЕ. Појавувањето на Игор Дурловски во листата која наводно треба да ја обновува државата значи најава на соништата од минатото за погазување на парламентарната демократија во земјата. Најава за нов крвав четврток или црн понеделник во Собранието. Ништо не е сменето во редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски продолжува со безидејност. Ангажира лица кои биле десна рака на самопрогласени исцелители и јасновидци, кои манипулирале со граѓните наводно лечејќи ги преку крајно сомнителни методи, рече Шутаров.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +