Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заев во одговор на прашање од граѓанин: Чесните политики ќе обезбедат раст на пензиите што досега не е забележан

Чесниот пристап што имаме кон парите на граѓаните ќе резултираат со големо покачување на пензиите, истакна претседателот Зоран Заев одговорајќи на прашање на граѓаните на денешната трибина во Штип.

– Во овие две години не се одлучивме да ги зголемуваме пензиите популистички пред избори, туку ги зголемуваме согласно закон.Чесниот пристап што го имаме ни наложува прво да го стабилизираме Фондот, без при тоа оштетени да бидат идните пензионери. Фондот сега се стабилизира и најавувам, овде во Штип, во 2020 ќе следи покачување на пензиите какво што досега не е видено. Чесните политики ќе ни донесат сериозно зголемување на пензиите, а нема да биде оштетен Фондот или идните пензионери, рече претседателот Заев.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК