Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Шест лица уапсени во Скопје- по претрес, полицијата веднаш ги привела

Во текот на вчерашниот ден полицијата уапси шест лица откако кај нив е пронајдена марихуана.

„На 02.10.2019 во 17.20 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба ги лишиле од слобода Т.С.(40) и И.С.(38), двајцата од Скопје, затоа што при преглед кај нив биле пронајдени марихуана и прашкаста материја.

Вториот случај бил регистриран во 18.15 часот полициски службеници од СВР Скопје, на патот кон Водно, ги привеле М.К.(23) и Н.П.(23), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.

Додека третиот случај пак се случил на 03.10.2019 во 01.20 часот полициски службеници од СВР Скопје, на бул.„Борис Трајковски“ ги лишиле од слобода Л.Д.(20) и В.Ѓ.(20), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана“ соопштува МВР.

По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: СДС живее во светот на бајките и лагите, не ВМРО-ДПМНЕ, ММФ вели дека сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови

ДЕСК

Летале дрон без дозвола – полицијата интервенирала, тројца млади повеќе нема да го прават тоа во Карпош

ДЕСК

Додека шетал кангал го ослободил, потоа следувал хаос кој заврши со смрт на куче миник

ДЕСК