23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Меѓународниот балкански универзитет објави конкурс за прием на професорски кадар

Меѓународниот балкански универзитет го проширува својот академски кадар. Се бараат вкупно 9 професори – доктори на науки и тоа од областите правни науки и психологија по двајца кандидати, а во областите компјутерско инженерство, односи со јавност, психолошко советување и насочување, архитектура, банкарство и финансии, по еден кандидат.

Ангажирањето на новиот наставен кадар и проширувањето на професорското портфолио е во насока на исполнување на цврстата определба на Меѓународниот Балкански Универзитет за квалитетно меѓународно образование во нашата држава.

Влегувањето во академската средина на МБУ и станувањето дел од академскиот тим носи бројни предности, пред се работа во меѓународна средина и на универзитет што според Шангајската листа е најдобро рангиран во Република Северна Македонија во категоријата настава и учење токму поради квалитетниот образовен процес.

Кандидатите треба да ги исполнуваат условите предвидени со член 166 од Законот за високото образование на Република Северна Македонија и да го познаваат одлично англискиот јазик затоа што наставата на сите студиски програми на МБУ се изведува исклучиво на англиски јазик.

Конкурсот е отворен до 10.10.2019 година. Аплицирањето се врши со доставување на потребната документација на адреса Меѓународен Балкански Универзитет, Македонско-косовска бригада бб, 1000 Скопје, додека пак електронските верзии на горенаведените документи треба да се пратат на следната емаил адреса: hr@ibu.edu.mk