Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Голф се заби во коњ, има повредени – меѓу кои и четиригодишно детенце

На 30.09.2019 во 19.30 часот било пријавено дека на место викано „Студена чешма“, атар на с.Ветрен, делчевско, З.П.(38) од Делчево, додека управувал патничко возило „фолксваген голф“, со бугарски национални ознаки, удрил во коњ кој се движел по коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила сопатничката С.П.(31) и четиригодишно дете сопатник.

Тие биле пренесени во Клиничка болница Штип за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Делчево.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ВРАЌА ЗИМАТА, ДОЖД И СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА – Метеоцентар со детална прогноза

ДЕСК

Во следните денови заладување и врнежи од дожд и од снег

C +

Муцунски разговараше со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија: потврдени одличните билатерални односи

C +