10. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Панел дискусија: „Поттикнување промени преку еколошка правда“

Состојбата на животната средина е топ тема, особено во деновите кога загадувањето на воздухот е најголемо, во речиси сите градови од државата. Реалноста покажува дека потфрламе и во другите еколошки сфери, не само во квалитетот на воздухот. Ситуацијата кореспондира со Поглавје 27 од последниот извештај од Европската комисија, каде е истакнат недостатокот од имплементација на пропишаните мерки и потребата за поголемо учество на јавноста во одлучувачките процеси, потребен е поголем степен на информираност и поефикасно искористување на механизмите за пристап до правда.

Правото за здрава животна средина е уставно загарантирано право за сите граѓани, во чиешто остварување се вклучени голем број чинители. Почнувајќи од надлежните инспекторати, јавните обвинители, народниот правобранител, судовите, властите, како и граѓанските организации. ГО треба бидат неизоставен сегмент од процесот за пристап до еколошка правда, а нивната основна цел е да ја подигнуваат јавната свест и да вршат притисок врз надлежните тела во ефикасното спроведување на судските постапки до нивното разрешување.

Во тој контекст, во рамките на проектот: „Еднаков пристап за ефективна правда“ – EuropeAid/159467/ID/ACT/MK, имплементиран од страна на Здружение на граѓани Флорозон – Центар за Еколошка Демократија, во партнерство со Environmental Law and Management Association EMLA – Унгарија, се организира Панел дискусија на тема: „Поттикнување промени преку еколошка правда“, која ќе се одржи во Јавна Соба – Центар за дизајн и иновации, Скопје, со почеток од 11 часот.

Говорници ќе бидат главните чинители при остварувањето еколошка правда: Наташа Дамјановска Габер од Академијата за судии и јавни обвинители, Ана Петровска од Министерството за животна средина и просторно планирање, Мирослав Богдановски од Инспекторатот на град Скопје, Дарко Блинков од Државниот инспекторат за животна средина, Никола Прокопенко од Министерството за правда и претставници од ГО кои ќе имаат можност да ја споделат својата експертиза и проблемите со кои се соочуваат во праксата. На дискусијата ќе присуствува претставник од Унгарија, експерт од полето на еколошка правда – Чаба Кис, кој ќе ја потенцира важноста на остварувањето на еколошката правда, како круцијален сегмент од евроинтеграциските процеси.

Можеби ќе ве интересира

Денес се навршуваат 24 години од загинувањето на бранителите кои нагазнаа на мина кај Љуботенски бачила

C +

АВМУ ќе врши мониторинг на медиумското известување во предизборниот период

C +

Две бебиња повредени кај Скопје, откако пијан возач преминал на другата страна од коловозот и удрил во возило

ДЕСК