Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Уживајте во сонцето уште два-три дена, следува драстична промена на времето

Времето утре ќе биде сончево и релативно топло со слаб до умерен ветер претежно со западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната од 25 до 32 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево и релативно топло со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 30 степени.

До среда ќе се задржи сончево и топло време со релативно високи дневни температури. Во четврток во попладневните часови, во текот на ноќта и во петок ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе се поинтензивни и локално со појава на грмежи. Во северните делови ќе започне да дува засилен северен ветер, кој ќе се прошири насекаде и ќе предизвика значително опаѓање на температурата, најизразено во петок.

Можеби ќе ве интересира

Димитријевиќ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со 5 тони дрога

C +

Обвинителството континуирано презема дејствија поврзани со запленетата марихуана

C +

Утре ССМ ќе го блокира Собранието: Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 за работниците е срамно

C +