17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Промоција на книгата „Нечесна игра“

По големиот интерес за претходните две дела од домашни автори во издание на издавачката куќа „Сакам книги“ („Ќерката на дрвосечачот“ и „Флерт, уцени и високи потпетици“), неделава е закажана промоција на уште една македонска чик-лит приказна со наслов „Нечесна игра“ од авторката Верица Митева.

Промоцијата ќе се одржи во книжарницата „Сакам книги“ во центар (зграда „Тифани“), в четврток (26.9.2019), со почеток од 18.30 часот. Читателите ќе може да дојдат да се запознаат со авторката, да се дружат со неа неколку часа и да си купат потпишан примерок.

„Нечесна игра“ е современа романса и прво дело на авторката Верица Митева. Двајцата главни ликови во книгата работат како дизајнери во конкурентски фирми за изработка на мебел. Одеднаш судбината или случајноста си поигрува со нив, па во истата недела двајцата добиваат наредба од своите шефови да се зближат со конкурентскиот дизајнер и да ги украдат скиците за претстојниот саем за мебел бидејќи тоа е најважниот настан и период за сите фирми за мебел во државата. Немајќи друг избор, тие неволно се согласуваат затоа што не сакаат да ја изгубат работата. Така почнуваат да се гледаат и двајцата размислуваат за начини како да го спроведат планот и да дојдат до целта. Но, помеѓу нив почнува да се раѓа нешто сосема друго… Конците почнуваат да се замрсуваат и работите стануваат сè покомплицирани кога во оваа нечесна игра влегуваат куп емоции.

Спонзорирано: