Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Џафери во официјална посета во Казахстан

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, учествува на Четвртиот состанок на претседателите на парламентите на земјите од Евроазија на тема: „Голема Евроазија: Дијалог. Доверба. Партнерство“, што се одржува на 23 и 24 септември 2019 година во Нур-Султан, Република Казахстан.

Во составот на делегацијата е и пратеникот Енес Ибрахим. На Состанокот учествуваат парламентарни делегации од шеесетина земји и 39 претседатели на национални парламенти од Европа и Азија, како и 13 меѓународни парламентарни собранија. Се очекува на крајот од Состанокот да биде усвоен Финален документ со препораки за поблиска соработка меѓу државите и унапредување на дијалогот, довербата и партнерството во регионот.

По завршувањето на овој мултиралатерален форум, на 25 и 26 септември 2019 година, претседателот Џафери ќе оствари официјална посета на Република Казахстан, на покана од претседателот на Мажилисот на Парламентот на Република Казахстан Нурлан Нигматулин.

Можеби ќе ве интересира

Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – Подгответе се за летно сметање на времето

ДЕСК

Синоптичарите објавија 4 дневна прогноза – Каков продолжен викенд да очекуваме?

ДЕСК

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески ја презеде должноста

ДЕСК