13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Советот за етика во медиумите ја прифати жалбата од МХЕ Тополки против прилогот на Алсат – М телевизија

Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите врз основа на жалбата од Друштвото МХЕ Тополки донесе одлука дека Телевизија Алсат – М со објавениот текст „Службениците кои се посомневаме за ‘Тополки’ на Анѓушеви завршиле зад решетки“ го прекрши Кодексот на новинарите на Македонија во членот 1.

Во жалбата на Друштвото МХЕ Тополки се наведува дека прилогот содржи неточно и нефер известување и незастапена втора страна. Подносителот на претставката смета дека во објавената содржина недвосмислено се имплицира и се инсинуира дека Друштвото МХЕ Тополки е поврзано со истражни и судски процеси, кои што во никој случај не се ниту блиски до работата на друштвото. Од Тополки посочуваат дека авторот само навел процеси и активности без да се следи прецизниот календар на случувања и дека во ниту еден момент не побарал изјава од Друштвото.

Според жалителот, и во самиот наслов на прилогот и во дел од содржината, Алсат –М директно инсинуирал за поврзаност на двата случаи, повикувајќи се на документ којшто не бил јавно прикажан.

Според сето тоа, Комисијата за жалби утврди дека жалбата е основана и дека Кодексот на новинари во членот 1 во прилогот е прекршен и соодветно на тоа комисијата ја обврза Алсат – М Телевизија да ја објави одлуката.

Спонзорирано: