Пет лица за затруле со храна, по што е затворен ресторанот во тетовското село Брвеница, со цел да се спречи понатамошно ширење на евентуалното труење со храна.
Денеска по добиената телефонска дојава од страна на ЈЗУ-ЦЈЗ Тетово, во врска со труењето со храна во ДПТУУ-Бакал Бакеро експорт импорт ДООЕЛ село Брвеница, Тетово, Државниот санитарен и здравстен инспекторат од Тетовo извршил вонреден координиран инспекциски надзор со претставници од ЈЗУ ЦЈЗ Тетово и инспектори од Агенција за храна и ветеринарство од Гостивар.
,,Општата санитaрно-хигиенска состојба во објектот е на задоволително ниво, во објектот има уредни санитарни книшки за 11 вработените со извршен санитарен преглед во рок како и потврда за извршен ДДД од овластена установа исто така во рок. Од страна на ЦЈЗ Тетово во соработка со ДСЗИ се земени брисеви од раце од 5 затекнати вработени лица при надзорот како и 6 брисеви од нежива средина – прибор, работни површини, опрема.
Надзорот од страна на ДСЗИ е направен по епидемиолошка индикација, односно заради тоа што на 14.09.2019 година во вечерните часови, пет лица со симптоми на труење со храна побарале лекарска помош во ЈЗУ УК Инфективни болести и фебрилни состојби, а кои согласно епидемиолошката анкета конзумирале храна во текот на денот во ресторанот ДПТУУ-Бакал Бакеро експорт импорт ДООЕЛ од Брвеница, Тетово.
Со цел да се превенира натамошно ширење на евентуално труење со храна, објектот како потенцијален извор на заразна болест, од страна на ДСЗИ ПО Тетово записнички и со службена лента е забранет и затворен за употреба се до добивање на резулати од земените примероци и спроведување на потребни санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки”, се вели во соопштението.