Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Локализиран пожарот кај Плетвар, по седум часа пуштен во сообраќај патот Прилеп – Росоман

Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Росоман е нормализиран околу 23 часот, информира АМСМ. Тој беше во прекин поради шумски пожар над каменоломот на превојот Плетвар во атар на селото Тројаци кон селото Топлица.

Поради пожарот, сообраќајот на патниот правец Прилеп – Росоман беше во прекин повеќе од седум часа, а од двете страни на превојот се формираа километарски колони.

Пет големи пожари беа активни вчера во Прилепско.На помош на прилепските пожарникари пристигнаа екипи од соседните градови, кои заедно со нив се обидуваа да го изгаснат огнот.

Можеби ќе ве интересира

УЈП и МЗ: Одговорно управување со јавниот имот во функција на здравствениот систем

ДЕСК

Исмаил: ДПМНЕ ги претвори брзите кредити во бизнис со сиромаштијата – 48 милиони евра нови задолжувања за само шест месеци

ДЕСК

Платите и пензиите растат побрзо од трошоците, инфлацијата во Македонија е меѓу најниските во регионот – вели Мицкоски

ДЕСК