Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

25 ученици со попреченост од средните училишта во Скопје ќе добиваат стипендии

25 ученици со попреченост од средните училишта на Град Скопје ќе добиваат стипендии во текот на 9 месеци, а висината на стипендијата е 3.000 денари нето износ.Градот Скопје за да го подигне квалитетот на образованието на учениците со попреченост, за прв пат оваа година ќе додели стипендии за овие ученици од прва до четврта година.

,,Градот ги препознава потребите на средношколците и последниве две години ангажираше и образовни асистенти, коишто евидентно им помогнаа на учениците со попреченост во совладувањето на наставната програма.Огласот со критериумите ќе се објави во понеделник, 16.09.2019 година, а апликациите коишто ќе пристигнат во архивата на Град Скопје ќе ги разгледува комисија.По воведувањето на праксата за доделување на стипендиите за средношколците спортисти, Градот Скопје за првпат доделува и стипендии за учениците со попреченост”, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

СИЛНИОТ ВЕТЕР СОЗДАЛ ПРОБЛЕМИ НА ПАТИШТАТА – Паднати дрвја и оштетена инфраструктура на важни правци

ДЕСК

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новоименуваната амбасадорка на Република Естонија, Јана Ванамолдер

ДЕСК

„ОВА ЌЕ БИДЕ ТЕШКА ЗИМА И ЗА МАКЕДОНИЈА“ – Мицкоски со предупредување од Берлин по средбата со европските лидери

ДЕСК