3. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Келнерот му наплатил 55.000 фунти за едно пиво, тој не ни забележал

Австралискиот новинар Питер Лејлор ја платил најверојатно најголемата сметка за едно шише пиво – 55.000 фунти. Тој не бил свесен за тоа сè додека неговата сопруга не му се јавила и му кажала дека скоро 100.000 долари биле повлечени од заедничката сметка.

Питер Лејлор, кој го следи првенството во крикет во Велика Британија, на Твитер објави дека отишол во бар на пиво пред шампионскиот натпревар на стадионот „Олд Трафорд“.

Лајлор вели дека не ги ставил очилата и не ја проверил сметката за пивото што го пиел, Deuachars IPA, пред да му ја даде кредитната картичка на келнерот.

Шокот следувал неколку часа подоцна, кога му се јавила неговата сопруга од Австралија и му кажала дека вкупно 99.983,64 австралиски долари (68.120 американски долари) штотуку се повлечени од заедничката сметка.

Покрај пивото, банката наплатила и околу 2.500 австралиски долари за трансакциски трошоци. Подоцна било утврдено дека келнерот по грешка наместо 5,5 фунти наплатил 55.000 фунти.

Хотелот „Малмајсон“, во чиј бар Лејлор го пиел пивото, објави дека го истражува случајот, а на австралискиот новинар парите ќе му бидат вратени за десет работни дена.