Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Агенцијата за медиуми: МТВ1 нецелосно информира за навредливата објава на Стоилковски кон Ангеловска

Во врска со фејсбук-објавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, која содржеше навредливи зборови кон новата министерката за финансии, Нина Ангеловска, од Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги (АВМУ) велат дека само четири од националните телевизии известиле за настанот, а другите донеле уредничка одлука воопшто да не информираат за тоа.

„Три телевизии зазедоа критичка позиција, пренесоа ставови на што повеќе релевантни извори и ставија акцент врз осудата на изјавата. Јавниот радиодифузен сервис на МТВ1 само ги пренесе реакцијата на СДСМ и извинувањето од портпаролот оставајќи ги гледачите без основната информација за тоа кој е настанот на кој се однесуваат реакциите и дека сексизмот не е прифатлив начин на комуницирање“, се наведува во соопштението на АВМУ.

Во него се додава дека на МТВ2 немало информација во вестите на ниту една од редакциите.

„Медиумите се независни во креирањето на својата уредувачка политика, меѓутоа треба да имаат предвид дека во согласност со Законот за еднакви можности на жените и мажите имаат обврска да придонесуваат за развивањето и подигањето на свеста за еднаквите можности“, потсетуваат од Агенцијата.

Можеби ќе ве интересира

Внатрешна контрола: Нема незаконско постапување при одбиениот влез на британските државјани

ДЕСК

Мицкоски: Секој има право да го користи својот мајчин јазик, а во Законот за правична застапеност процентите не се важни туку квалитетот и очекувам поддршка од сите пратеници

ДЕСК

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК