Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Десковска: За последниот потег на Јанева допрва ќе има консултации

Министерката за правда Рената Дескоска за Плусинфо изјави дека за последниот потег на Јанева допрва ќе има консултации.

– Во целиот период до сега Министерството за правда не коментира судски и јавнообвинителски одлуки, но во секој случај треба да направиме консултации какво влијание ќе има ова на одредени одредби во законот околу кои дебатираме и дали тие треба да се менуваат – ни изјави Дескоска.

Шефицата на СЈО во оставка Катица Јанева, која е во притвор во Шутка како осомничена за случајот „Рекет“, преку писмо побара сите предмети на СЈО да бидат предадени на Јавното обвинителство кај Љубомир Јовески.

Можеби ќе ве интересира

ЗУЛУМ ВРЗ СЕДУМДЕСЕТГОДИШНИК: Четворица осомничени за разбојништво во Струмица

ДЕСК

Николоски:  Преку 350 милиони евра Владата инвестира во инфраструктурни проекти во општините, дополнително преку Светска банка инвестираме 25 милиони евра во изградба и рехабилитација на преку 100 километри локални улици низ општините

ДЕСК

СДСМ утре ја промовира „Скопска иницијатива“ на меѓународна конференција

ДЕСК