Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пеповска: Дали објавата на Стоилковски го отсликува односот кон жените во ВМРО-ДПМНЕ?

СДСМ остро го осудува шовинизмот на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, во неговата објава против новата министерка за финансии, Нина Анегеловска, изјави денеска Кристина Пеповска, генерална секретарка на Форумот на жените на партијата.

Како што изјави таа, недозволиво и неодговорно е портпарол на парламентарна партија да се служи со родов шовизнизам и мизогинија и во своите објави на социјалните медиуми да употребува сексистички речник.

„Го прашуваме Христијан Мицкоски дали се согласува и ја одобрува објавата на својот портпарол? Дали ќе побара извинување од Стоилковски за навредите насочени кон жените? Дали неговата објава полна со шовинизам е дел од комуникацијата со жените внатре во партијата? Дали така им се обраќаат на партиски состаноци?“, се некои од прашањата што јавно ги упати Пеповска.

Таа констатира дека во ВМРО-ДПМНЕ и натаму владее старата матрица на навреди, на понижување на жените и на нивните права.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +