9. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Продолжува судењето за „Траекторија“ на СЈО

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да се одржи рочиште за случајот „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство, кое се наоѓа во доказна постапка.

Во случајот се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и ексдиректорот на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски.

Според обвинението, тие во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанеле штета на Буџетот од најмалку 155 милиони евра.
Минатото рочиште беше одложено поради отсуство на вешто лице.