Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава против две лица поради криумчарење мигранти

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш поднесе кривична пријава против А.Ш.(21) од Штип и А.Д.(25) од с.Банско, Струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти.

Kако што соопшти МВР, на 17.06.2019 на магистралниот пат Радовиш – Штип, кај клучката за с.Тополница, при преглед на возилото „форд транзит“ пронашле 20 лица мигранти од Бангладеш, додека во паркирано товарно возило „фолксваген транспортер“ пронашле 21 лице мигрант (16 од Бангладеш и пет од Пакистан).

По преземени мерки, било утврдено дека возилата ги управувале пријавените.

Можеби ќе ве интересира

Филипче со детали од новиот Закон: Сите тендери и јавни набавки ќе се водат преку блокчејн платформа

C +

Мицкоски: Пуштен е во употреба новиот градски пазар во Општина Виница

C +

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +